Трибина „Биоетичка едукација“ ќе се одржи денеска на Филозофскиот факултет во Скопје.
Гости предавачи/дискутанти се доц. д-р Ивица Келам од Факултет за образовни и воспитни науки при Универзитетот „Ј.Ј. Штросмаер“ од Осиек, Хрватска и вон. проф. д-р Трајче Стојанов од Факултет за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.
Организатор на трибината е Центарот за интегративна биоетика при Филозофскиот факултет.