Протест за „Диво Насеље“, ќе се бара правично судење

Од:

Претседателот на Здружението на албански политички затвореници во Македнија, Шпетим Положни повикува на протести за правично судење на лицата инволвирани во случајот „Диво Насеље“. Протестот ќе започне во 13 часот на плоштадот Скендербег, а по половина час ќе продолжи пред Судската палата.

„Ова е во организација на фамилии на затворениците кои добијаа долги казни затвор, а некои и доживотни, за повеќе случаи, не само за „Диво насеље“. Зад фамилиите стои и Здружението на албански политички затвореници во Македнија“, вели Положани за „А1он“.

Тој вели дека на протестот ќе се испрати пораката дека треба да се суди праведно, а судиите да ги имаат в предвид доказите кои во досегашните постапки биле отфрлени.

„Главните барања се да се земат во предвид изјавите на сведоците, а не само на заштитените сведоци. Исто, да се земе во предвид фактот дека Хелсиншкиот комитет во извештаите нотира дека имаме партизарано и корумпирано судство. Бараме да се повторат судењата и да се суди праведно“, додава Положани.

Денеска се навршуваат четири година од оружената пресметка во кумановското „Диво насеље“, што траеше два дена, при што животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи, додека четириесетина беа тешко повредени.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје

Влен: Синоќа Скопјe беше трансформирано во центар на албанското единство

Горан Наумовски

Во недела ќе биде осветен Храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје

Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва изрази револт поради убиството на Росица, како и многу други случаи на фемициди

„Орце за 72 часа ќе направи генералка во Скопје, а потоа ќе следи одговорност“, вели Мицкоски

Ѓорѓиевски најави пошумување на Скопје, како и 50 мали маалски паркови

Горан Наумовски