Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе го приреди традиционалниот работен ручек за амбасадорите на земјите од Вишеградската група, акредитирани во Република Македонија.
На средбата ќе присуствуваат амбасадорот на Чешката Република Мирослав Рамеш, на Полска Пжемислав Чиж, на Словачка Роберт Кирнаг и заменик амбасадорот на Унгарија Атила Пинтер, како и министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски.