Британците ќе учествуваат на изборите за Европскиот парламент

Од:

Велика Британија ќе мора да учествува на изборите за Европскиот парламент од 23 до 26 мај, бидејќи нема доволно време дотогаш Парламентот да го ратификува договорот за Брегзит, изјави денеска британскиот вицепремиер Дејвид Лидингтон.

Премиерката Тереза Меј ​​се надеваше дека ќе го избегне учеството на изборите, но разговорите со опозициските лабуристи за договорот не успеаја да излезат од ќор-сокак.

-Жалиме што нема да биде можно овој процес да биде завршен до денот на изборите за Европскиот парламент, така што, тие сега ќе се одржат, истакна Лидингтон.

Тој нагласи дека Владата ќе вложи максимални напори да се обиде да обезбеди одложувањето на Брегзит да биде колку е можно пократко.

-Идеално би било кога тие пратеници од Велика Британија би биле во ситуација никогаш да не ги заземаат своите места во Европскиот парламент, бидејќи седницата не започнува до јули, додаде тој.

Велика Британија требаше да ја напушти ЕУ на 29 март, но Парламентот не го поддржа договорот на премиерката Меј со Брисел, па крајниот рок за Брегзит е продолжен до 31 октомври.

Можно е Британија порано да ја напушти Унијата, но ако тоа не се случи до 23 мај, законски е обврзана да учествува на европските избори.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Каја Калас доби „зелено светло“ во Европскиот парламент за позицијата шеф на европската дипломатија

Горан Наумовски

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Европскиот парламент ги одобри преостанатите седум кандидати за еврокомесари

Горан Наумовски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ