Заев: Треба да учиме од пораките на Папата, да си подадеме рака и да создаваме пријателства

Од:

Посетата на папата Франциск на Скопје е огромно признае за местото што земјава го зазеде во заедницата на прогресивни земји. Неговата посета не е митологија, таа е израз на созреано време да се одаде признание за историските врски со Ватикан, порача премиерот Зоран Заев по средбата со Папата Франциск кој е во еднодневна посета на земјава.

Според Заев, светата литургија со која Папата ги благослови сите католици, но и сите граѓани во земјава е израз на почит.

„Тоа е силен почит и поттик за сите нас, тоа е силна порака која што денеска беше пренесена низ светот“, рече Заев и додаде: “Нашиот народ ја следи мисијата на Мајка Тереза, што го потврдивме на овој денешен настан на заедништво“.

Запрашан да ја коментира ијавата на преседедателот Ѓорге Иванов кој по средбата со Папата во Вилата Водно упати политички пораки, премиерот рече дека ,, ова не е ден на поделби и за политички коментари”.

Во однос на прашањето која е неговата следна цел по посетата на Папата, Заев беше дециден дека следниот важен чекор е започнувањето на преговорите со ЕУ.

„Покажавме волја за европските вредности, ги потврдивме и денеска со посетата на Папата, а тоа го потврдивме и со одржувањето на изборите“, рече Заев.

Запрашан што ќе научи од посетата на Папата и пораките кои тој ги упати до државниот врв, премиерот одговори:

„Треба да учиме од мисијтата која што папата ја штити низ светот – поголема верба меѓу над и да ги искорениме сите девијаннти појави. Треба да продолжиме да бидеме пред се добри луѓе, професионални и да се подобриме сите. Во земјава имаме многу да работиме и на лажните вести и на консолидацијата на оштеството – тоа се цели кон кои сите тежнееме“.

Според Заев, посетата на Папата на Балканот е порака за сите земји од регионот.

„По постигнувањето на Договорот за пријателство со бугарија и Договорот од Преспа, пораката е дека треба да се прават договори, да се подаде рака, да се создаваат пријателства за да се овозможи подобар живот за граѓаните на Балканот“, додаде тој.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Американецот Роберт Превост е новиот папа, неговото име е Лав XIV

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Црн чад од Сикстинската капела, новиот папа се уште не е избран

А1он

(ВИДЕО) Филипинскиот кардинал кој пее и танцува е вирален хит, фаворит е за нов папа

А1он

ВИДЕО: Конклавата почнува утре, двајца фаворити за нов папа

Сите кардинали пристигнаа на конклавата за избор на нов папа, мораа да ги предадат телефоните

А1он

Трамп е критикуван поради фотографија генерирана од вештачка интелигенција на која е облечен како папа