Заев за утре најави средба за СЈО

Од:

Премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање најави дека утре ќе се одржи нова средба за иднината на специјалното јавно обвинителство. Тој очекува напредок и да биде постигнат договор со опозицијата.

„Утре ќе се одржи следната средба. Ме извести министерката дека се слушнала со лидерот на преговарчаката група од најголемата опозициска партија. Утре веќе ќе остварат средба“, рече Заев. Тој кажа дека има надеж за договор за Законот за јавното обвинителство кој се однесува и на иднината на СЈО.

„Според мене има исчекор и надеж дека двете страни ќе постигбат договор бидејќи броени се деновите до затворање на извештајот на ЕК“, рече Заев.

Последниот предлог на Министерството за правда предвидуваше државниот јавен обвинител заедно со уште двајца обвинители од ЈОРСМ да одлучуваат за иднината на истрагите, дали да ги води СЈО или Обвинителството за гонење организиран криминал и коруцпија. Според предложениот закон, бомбите заминуваат во историјата, а неизвесна е иднината на отворените истраги за функционери на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Г. Н. Ризвановиќ / В. Маглешов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата

ЗНАМ: СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат било какви концепти за Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Колку украде двоецот Заев-Филипче од македонските граѓани за да може да има интернационални бизниси?