(ВИДЕО) СДСМ: ДПМНЕ со фингирани спаринг партнери си игра локални избори

Од:

Советникот на СДСМ Сашо Олумчев на денешниот Прес за медиумите обвини дека владеачката партија си одбрала спаринг партнери со сомнителен морален и професионален кредибилитет со кој си игра локални избори, избегнувајќи фер битка.

– Плашејќи се од конкуренција, исплашени од пораз, свесни за зијанот што го направија во општина Гевгелија во изминатиот 4 годишен локален мандат, ДПМНЕ на најперфиден начин избега од фер битка, од соочување со граѓаните лице во лице и на кукавички начин одлучи самиот со себе, со фингирани спаринг партнери да си игра на локални избори, изјави денеска на прес конференција озрганизирана од СДСМ, советникот во локалниот општински Совет – Сашко Олумчев.

– За да биде играта наречена локални избори помасовна, од нивни должници за афери ,“на ти дај ми“, си нарачаа и советнички листи. Демек, ДПМНЕ е власт, а зависно – независните листи, односно партиите кои се нивни предлагачи ќе биделе опозиција и тоа ќе било фер и демократска богата понуда за гевгеличани, додаде Олумчев.

Тој изрази сомневање за веродостојноста на листите, бидејќи никој во Гевгелија не знае кога е формиран локалниот огранок на партиите кои и парираат на ДПМНЕ во локалната битка за советници и градоначалничкото место. Тоа се партиите со кратенките СДУ, СДП и ДОМ, за кои тој посочи дека гевгеличани не знаат што значат кратенките, кој им е претседател на државно, или локално ниво, а најмалку пак може да стане збор за некоја идеја, проект, или иницијатива од страна на овие субјекти, ако се работи за постоечки партии.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра