Адвокатот на Ленс Армстронг денес изјавил дека неговиот клиент нема да одговори на повикот на Антидопинг агенцијата во САД „USADA“ и да говори за се што се однесува околу допингот.
„USADA“ му потенцираше на Армстронг дека доколку сака да му се намали казната од доживотна суспензија околу овој спорт, ќе мора да им се исповеде во целост на нив.
По два месеци преговори, адвокатот на Армстронг, Тим Херман изјавил дека суспендираниот бициклист нема да учествува на сослушувањето.
Инаку, Армстронг во јануари призна дека се допингувал и му беа одземени 7 трофеи во едно од најпрестижните натпреварувања, Тур де Франс.