Кирацовски: Пендаровски е во водство според првичните тенденции

Од:

Александар Кирацовски кој е претседател на изборниот штаб на заедничкиот кандидат, Стево Пендаровски, на првата прес-конференција по завршувањето на вториот изборен круг изјави дека нивниот кандидат е во водство и очекуваат сигурна победа. Изборите ги оцени како кристално чисти и рече дека поминале во мирна и демократска атмосфера. Тој им заблагодари на граѓаните што биле одговорни и излегле на гласање за да се исполни цензусот.

„Имавме достоинствени избори, граѓаните покажаа зрелост, а исто така и институциите кои го спроведоа целиот процес. Порачувам до останатите учесници да не наоѓаат алиби за непосакуваните резултати. Нашиот кандидат е во водство и вечерва очекуваме победа“, рече Кирацовски.

Тој најави дека првичните резултати од терен може да се очекуваат за еден час и додаде дека во штабот на СДСМ ќе присуствуваат сите коалициски партнери, вклучувајќи го и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски