(ВИДЕО) Заев: Верувам во успешни избори, со зaбрзано темпо да продолжиме напред!

Од:

„Денеска бираме Претседател на државата наша, на земјата наша, на Република Северна Македонија. Тоа е многу важна функција, функција којашто е првиот репрезент на државата, надвор, но и репрезент, внатре, нашиот Врховен командант на нашата Армија.

Денеска, е прво најважно да успеат изборите, да имаме успешен избор на претседател на земјата наша. Истовремено од одлуката ќе зависи во кој правец и со какво темпо ќе продолжи да се движи земјата наша.

Јас верувам дека ќе продолжиме со забрзано темпо да се движиме напред да бидеме рамо до рамо со современиот западен развиен свет.

Сега очекувам да после изборите продолжиме со проектите, да продолжиме со процесите, да продолжиме со развојот, да продолжиме со унапредување со квалитетот на животот на нашите граѓани.

Се надевам дека изборите ќе бидат успешни и се надевам дека ќе се движиме напред, заедно како што не личи“, изјави премиерот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“