Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега, Владимир Путин денеска разговара на повеќе теми, соопштија од Белата куќа.
Портпаролка на Белата куќа, Сара Сандерс изјави дека телефонскиот разговор траел еден час и двајцата лидери разговарале за нераспространување на нулеарното оружје, денуклеаризација на Северна Кореја, за Венецуела и за извештајот на специјалниот обвинител Робарт Малер за вмешаноста на Русија во американските избори.
– Разговараа и за трговската размена помеѓу двете земји и фактот дека истата е зголемена откако Трамп е претседател, посочи Сандерс.
Телефонскиот разговор помеѓу двајцата лидери го потврди и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Телефонскиот разговор помеѓу Трамп и Путин траеше речиси 1,5 час, истакна Песков, но не наведе детали.