Уметникот Тони Плант од Велика Британија создава необични и единствени уметнички дела, кои за жал, имаат рок на траење затоа што негово платно е секоја плажа на светот.
Плант најчесто ги насликува плажите на родната Британија, но неретко своите уметнички дела ги „подарува“ и на други земји. Дипломирал во 1990 година на Уметничката академија во Челзи, и заедно со својот колега сака да се игра со нетипичните видови на уметничко изразување.
Негов алат најчесто се само рацете и греблата, а понекогаш и некоја гранка што ќе ја најде во околината. Неговите дела се со краток век, бидејќи ги уништуваат брановите, ветровите, туристите… сепак, Плант вели дека не жали поради тоа. Го прифатил предизвикот и научил како брановите, а и останатите непогодности, да ги сврти во своја корист.
Извор: Б92