НСДП: Со изборот на Пендаровски ќе имаме претседател кој ќе не обединува, кој ќе поттикнува заедништво

Од:

„Повеќе од потребно е во овие историски моменти да имаме претседател на државата кој ќе ги штити итнересите на граѓаните, кој ќе биде искрен поддржувач на евро-атланските интеграции и вистински промотор на европските стандарди и вредности. Веќе две години одлучно чекориме кон ЕУ и НАТО, ослободени од политичките бремиња на историја, на споровите со соседите, силно чекориме кон демократијата, владеењето на правото, економски напредок и социјална благосостојба.

Немаме простор за политички компромиси со иднината на државатa. Неизвесноста и стравот да ги оставиме позади нас, да не дозволиме сенките од минатото, од владеењето на криминалот и корупцијата, од поделбите и конфликтите, повторно да надвиснат над нас и да не вратат назад во минатото.

НСДП ги повикува сие граѓани на Република Северна Македонија, независно од нивната политичка, етничка, верска, јазична или културна припадност, на 5 мај да излезат на гласање и да го поддржат Стево Пендаровски. Со изборот на Пендаровски ќе имаме претседател кој ќе не обединува, кој ќе поттикнува заедништво и меѓусебно разбирање, кој ќе ја сподели со нас одговорноста да се развива државата.

Во недела на гласачките места да демонстрираме цврста решеност да заокружиме една историска епоха на нашата држава, да ги затвориме дилемите за безбедноста и иднината на младите генарации, заедно да продолжиме напред да градиме силна, безбедна и економски напредна држава“, се вели во соопштението на НСДП.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме