Калифорниските власти вчера изгласаа – 4 мај да се прогласи за Ден на „Војна на ѕвездите”, кој ќе се одбележува во Дизниевиот тематски парк којшто ќе биде отворен овој месец.
Датумот, како игра на зборови, се поклопува со култната реченица од овој легендарен серијал филмови – „Нека силата биде со вас“ (на англиски: May the force be with you).
Том Дали, член на локалната власт, изјави дека ова ќе биде досега најголемиот забавен парк кој преку туризмот би можел да донесе до 14 милиони долари заработка годишно за градот Анахајм, каде што ќе биде сместен.