Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс изјави дека нема потреба од дополнителна мотивација за да направи услуга на поранешниот тим Ливерпул во битката за титулата во Премиер лигата. Неговиот тим гостува во понеделник на Манчестер Сити.
Ливерпул може да се врати на врвот на табелата, ако го победи Њукасл во сабота, но ќе ја задржи својата позиција, ако „лисиците“ земат нешто при посетата на „Етихад“.
Роџерс, кој беше блиску до освојувањето на Премиер Лигата на чело на Ливерпул во 2013-14, се фокусира само на неговата работа во Лестер.
– Работам во Лестер. Мојот фокус е на Лестер. Нема никакво сомневање. Мислите ми се целосно насочени кон овој клуб и правам се што можам за да постигнам резултати. Кога го водев Ливерпул, бевме во различна фаза. Имавме млади играчи, играчи на изнајмување. Преминавме од осмото до второто место за неколку години, па динамиката е различна. Заслуживме да завршиме на второто место, изјави Брендон Роџерс.
Лестер, кој го победи Арсенал со 3:0 во последната средба, се бори за потенцијално место за квалификациите на Лигата на Европа, откако заостанува три поени од седмиот Вулверхемптон.
Роџерс, исто така, коментираше за евентуалниот трансфер на Јури Тилеманс, кој игра во Лестер од Монако.
– Тој дојде тука во јануари, бидејќи немаше пракса од почетокот на сезоната. Мислам дека она што Лестер му го покажа е можноста, која ја добива тука секој играч, а особено младите фудбалери. Тој има одлична основа за да продолжи со својот развој. Не знам дали има нешто што е договорено помеѓу клубовите, додаде менаџерот на Лестер.