Сиљановска во Битола: Реформите треба да почнат од оние најгоре

Од:

Мислам дека во кампањата се однесував не само женски, туку и фер, витешки. Тоа ќе го направам и последниве денови. Кога имате аргументи, кога верувате во она што сте го напишале тогаш мислам дека нема проблем и да го браните. А, се разбира јас немам проблем сигурна сум и да го спроведам тоа, рече Сиљановска денеска во Битола.

Што да кажам, додаде таа, значи ретка прилика имав што и да се случи на 5-ти мај. А, јас мислам дека знам, интиуцијата ми говори што ќе се случи. Да ги видам најгорливите проблеми непосредно, не е многу весело она што се случува на пат и до солзи ме доведуваа ситуациите, состојбите, приказните на луѓето кои ги слушав од различни категории.

Македонија не е во моментов пристојно место за живеење, Македонија мора да се реформира во секој поглед. Реформите треба да почнат од оние најгоре. Мислам дека сме имале и се уште имаме сериозна криза на лидерство дека во Македонија на највисоките позиции не се луѓе кои знаат, кои умеат, стручни и компетентни со интегритет и дигнитет. Но верувам дека оваа македонска пролет ќе биде запозната не само по велат за прв пат невообичаената кампања туку и по реформите, заклучи Сиљановска.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?