Група австралиски научници сметаат дека го пронашле противотровот за најотровното суштество на светот, медузата која е страв и трепет за кашачите во Индискиот океан и Пацификот.
Научниците од Универзитетот во Сиднеј се обидуваат да го разберат начинот на кој медузата може да убие до 60 луѓе и да предизвика страшна болка.
Само еден убод од медузата предизвикува неподнослива болка и некроза на кожата, и ако количината на отровот е доволно голема, предизвикува срцев удар и смрт.
Научниците се надеваат дека ќе создадат крем или спреј што ќе ги неутрализира убодите. Според проценките, секоја година умираат десетици илјади луѓе, додека илјадници луѓе завршуваат во болница.