(ВИДЕО) Заев од Илинден: Ова лето нашата земја ќе почне преговори и со ЕУ

Од:

Доаѓам од Берлин, по средбите со германската канцеларка Меркел и францускиот претседател Макрон, имаме големи пријатели во Европа, не само што оваа година ќе бидеме дел од НАТО, туку ова лето нашата замја ќе почне преговори и со ЕУ. Да продолжиме по вистинскиот пат. Да ја дигнеме и гордоста на Илинден, и овде да се слави победата, како во целата земја, рече Заев на средбата со граѓаните на Илинден.

Тој повика на масовна поддршка на Стево Пендаровски, бидејќи, како што рече, доста ни беше
од фрустрации, кочници и кризи.

-Доаѓа добро време, донесовме крупни храбри одлуки, ги отворивме перспективите, денес имаме
држава загарантирана од цел свет, со признаен Македонски народ и македонски јазик од цел свет, на пат сме кон ЕУ и НАТО, тоа значи стабилност, но значи и економски развој. Ни треба претседател кој води Заедно и Напред, знам дека ќе го избереме Стево Пендаровски и ќе продолжиме Заедно Напред, порача Зоран Заев во општина Илинден.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ