(ВИДЕО) Заев во Шуто Оризари: НАТО и ЕУ не се мачкаат на леб, но носат леб

Од:

-Пред неколку часа дојдов од Берлин, тука прво ќе ја соопштам прво веста. Ќе отвориме преговори со ЕУ, тоа значат пари, фондови, систем, перспективи. НАТО и ЕУ не се мачкаат на леб, но носат
леб. Затоа сите земји се стремат да бидат членки на НАТО и ЕУ, а еве ние веќе стануваме членка на НАТО, се обрати Заев денеска во Шуто Оризари.

Не ни треба нов блокатор. Силјановска би била нов Иванов, да дадеме поддршка за Стево Пендаровски, повика Заев.

Тој укажа дека Република Северна Македонија се развива како едно заедничко општество за сите граѓани, од сите етнички заедници, кон НАТО и ЕУ, дека сме на вистинскиот пат како земја, потсети на последиците од режимот, рече дека Силјановска е кандидатка на режимот и сака само амнестија на Груевски, најави пакет социјални мерки, како што е зголемувањето на социјалната поддршка за социјално загрозените семејства од 2.600 денари на над 12.000 денари и апелираше да го сочуваме единството, зашто среќа за сите во државава и задржување на младите е можна, само по овој пат со Стево Пендаровски како претседател на државата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага