Белгискиот Католички универзитет во Лувен (КУЛ) четврта година по ред е избран за најиновативен универзитет во Европа, според анализа на агенцијата Ројтерс.
Студијата се базира на десет параметри за процена на иновативноста на универзитетските установи, како објавени статии во научни списанија или барања за патенти.
Четврта година по ред Католичкиот универзитет во Лувен го освојува првото место. На второ место се наоѓа универзитетот Ерланген во Нирнберг, потоа Империјал колеџот во Лондон, универзитетот во Кембриџ и на петто место Технолошкиот институт во Лозана.
Во првите сто установи се наоѓаат 23 германски, 21 британски, 18 француски, девет холандски и седум белгиски високообразовни институции.
Во оваа студија вкупно се анализирани 600 универзитети и виши школи ширум Европа.