(ВИДЕО) Пендаровски: Мојот концепт е заедништвото, обединети во различностите да одиме напред

Од:

Мојата визија се обединети граѓани, општество без поделби, сигурна и стабилна држава, изјави кандидатот за претседател, Стево Пендаровски.

„Како ваш иден претседател ќе се грижам за сите подеднакво. Ќе се залагам за заедништво на сите граѓани независно од нивата националност, јазик, вера, социјална и друга определба. Јас силно верувам дека само обединети во различностите, можеме да одиме напред, кон подобра иднина, кон НАТО и ЕУ. Токму затоа ќе бидам претседател кој поттикнува заедништво и меѓусебно разбирање. Во мојот кабинет ќе има претставници од сите етнички заедници избрани според нивната компетентност и професионалност. Кабинетот на претседателот ќе го отсликува нашето мултикултурно општество“, рече Пендаровски.

Тој додаде дека остро ќе се спротивстава на секоја партија која ќе се обиде да прави меѓуетнички тензии и на сите политики кои повикуваат на поделби и конфликти.

„Без разлика која политичка партија или коалиција е на власт отворено ќе ги критикувам политиките кои ќе го стават под знак прашање или на било кој начин ќе ги загрозат интересите на граѓаните, кои се и остануваат мојот највисок приоритет. Помина времето на поделби и црни сценарија. Време е да продолжиме напред и заедно да изградиме силна земја, со обединети и рамноправни граѓани. Ова е тоа што ви го нудам. На 5 мај ги повикувам сите Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци, сите етнички заедници да излезат, да гласаат за заедничка и сигурна иднина“, истакна претседателскиот кандидат.

Би можело да ве интересира

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно

Станивуковиќ со поддршка за Додик: „Процесот е политички наместен“

Предраг Петровиќ

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година