Владата на Шри Ланка ја укина забраната за социјалните мрежи, која беше воведена за да се спречи ширењето на лажни вести по терористичките напади на католички Велигден.
Платформите како што се „Фејсбук“, „Вацап“ и „Вибер“ од денеска повторно функционираат во Шри Ланка, соопшти неименуван владин извор.
Во нападите на цркви и хотели на 21 април, за кои одговорност презеде терористичката група Исламска држава, загинаа повеќе од 300 луѓе.