Премиерлигашот Челзи покажува интерес за Давид де Геа кој сезонава во променлива форма го чува голот на Манчестер Јунајтед.
Токму поради осцилациите во неговите настапи на „Олд Трафорд“ менаџерот на Манчестер, Алекс Фергусон изјави дека му е потребен сигурен голман со грешки сведени на минимум.
Ваквата изјава на Фергусон отвори можност за трансфер на младиот шпански голман, а како последен заинтересиран клуб за неговите услуги се спомнува името на европскиот шампион Челзи.
Претходно и Барселона пројави интерес за доведување во своите редови на Де Геа.
Шпанецот за сега не размислува за напуштање на Манчестер и изјави дека е среќен во неговиот сегашен клуб, а позициите малку му се подобрија по одличните одбрани во осминафиналето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид кога неколку пати ги спречуваше противничките фудбалери до ја погодат неговата мрежа.