Врховниот суд нe ја забрани словачката ултраденичарска партија

Од:

Словачкиот Врховен суд денеска го отфрли предлогот да се забрани ултрадесничарската „Народна партија-наша Словачка“ истакнувајќи дека не се пронајдени доволно докази дека партијата претставува закана за демократскиот систем на земјата.

Државниот обвинител тврди дека партијата, која е трета по големина во словачкиот парламент, има фашистички предиспозиции, го крши Уставот и нејзина цел е да и наштети на словачката демократија.

Врховниот суд тврди дека обвинителот не пружил доволен број докази за своите тврдења.

Партија може да биде забранета единствено ако навистина се бори против демократијата и владеењето на правото, што не е докажано во овој случај. Судот немаше друга опција освен да го одбие предлогот, истакна судијката Јана Земкова. Одлуката е конечна и на неа не може да се вложи жалба.

„Народна партија-наша Словачка“ отворено му се воодушевува на Јозеф Тисо, лидер на нацистичката марионетска држава, кој владееше со земјата за време на Втората светска војна. Партијата на изборите во 2016 година освои 14 пратенички мандати од вкупно 150 места во Парламентот.

„Народна партија-наша Словачка“ негира каква било врска со фашизмот.

Би можело да ве интересира

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

Дојава за поставена бомба во катедрала во Кошице

Словачка: Дојави за поставени бомби и мини во училиштата и судовите

Горан Наумовски

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил