Власта во Шри Ланка забранува облека што го покрива лицето

Од:

Шри Ланка забранува облека што го покрива лицето. Тоа се наведува во соопштение од Кабинетот на претседателот на државата. Забраната за покривање на лицето влегува во сила денеска.

Таа мерка е резултат на вонредната состојба по серијата смртоносни експлозии на Велигден, во кои загинаа повеќе од 250 луѓе, а 500 беа повредени.

Забраната стапува во сила само неколку денови откако муслиманските свештеници ги повикаа жените да не ги покриваат лицата.

Муслиманите во земјата се околу 10 отсто од 21-милионското население.

Претставници на силите за безбедност денеска предупредија дека исламисти кои беа одговорни за нападите од Велигден, планираат нови напади, при што ќе користат минибус и напаѓачи кои ќе бидат облечени како војници.

Во предупредувањето се додава дека тие напади можно е да бидат извршени денеска на најмалку пет места.

Би можело да ве интересира

Милион и половина евра од ЕУ за хуманитарни цели во Шри Ланка

Ана Ололовска

Побегнатиот поранешен претседател на Шри Ланка, Раџапакса се врати во татковината

Ана Ололовска

Владата на Шри Ланка бара ограничување на ингеренциите на претседателот

А1он

Протест против владината репресија на Шри Ланка

Парламентот на Шри Ланка изгласа продолжување на вонредната состојба

Динеш Гунавардена денеска положи заклетва како премиер на Шри Ланка

Ана Ололовска