Ципрас: Грција и соседството да бидат мост меѓу Западот и Истокот

Од:

Грчкиот премиер, Алекис Ципрас во обраќањето на вториот форум на високо ниво на модерниот „Пат на свилата“ во Пекинг, рече дека Грција и соседството треба да бидат мост меѓу Западот и Истокот.

-Мојата земја денес ја користи и сака да ја искористи нејзината уникатна геополитичка позиција на среќавање на трите континенти, како и нејзината улога како сила со светско влијание во поморството и туризмот. Сакаме нашето соседство, Југоисточниот Медитеран, но и Балканот да не бидат граница помеѓу Запад и Исток, туку да биде мост меѓу Западот и Истокот, истакна грчкиот премиер.

Во оваа насока рече дека регионот треба да стане „светски јазол на транспортот, енергијата и трговијата“, а ја спомена и кинеската инвестиција на компанијата Коско на атинското пристаниште Пиреас, што „игра централна улога во напорите“.

-Пристаништето Пиреас станува глобална порта кон Европа за производи што доаѓаат од кинески и азиски пристаништа преку Суецкиот канал. А наша цел е да се поврзе со транспортните мрежи на Балканот и Источна Европа. Особено со мрежите кои брзо се развиваат од оската Грција -Бугарија- Романија кон Црното Море, но и Грција, Северна Македонија и Србија, рече грчкиот премиер и изрази надеж дека интерконективните мрежи дополнително ќе се зајакнат со кинески инвестиции во Грција.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

Го претепа кучето со метална шипка по глава само затоа што извршило нужда пред капијата

Предраг Петровиќ

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

Намалена видливост поради магла од 80 до 100 метри на планинските превои Стража, Маврово, Плетвар и Ѓавато

Попов: Со новиот буџет има повеќе пари за повисок младински стандард