Средба Аврамопулос-Бан Ки-Мун, спорот со името – главна тема

Од:

Шефот на грчката дипломатија, Димитрис Аврамопулос денеска во Њујорк ќе се сретне со генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-Мун.

Според грчките медиуми кои се повикуваат на дипломатски извори, главна тема на средбата Аврамопулос – Бан Ки-Мун, ќе биде долгогодишниот спор за името меѓу Македонија и Грција.

Грчката новинска агенција, повикувајќи се на свои извори, објави дека оваа средба ќе биде во еден особено чувствителен период не само за прашањата што се од грчки интерес, туку и генерално, како за ситуацијата во Сирија.

Според Грчката новинска агенција АПЕ, Аврамопулос во Њујорк, освен со генералниот секретар на ОН, ќе оствари средби и со архиепископот Димитриос, но и со бизнисмени и членови на грчката дијаспора.

Нема информации дали Аврамопулос ќе договори состанок и со медијаторот Метју Нимиц.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски