Полицијата на Шри Ланка трага по лица поврзани со ИД

Од:

Претседателот на Шри Ланка, Маитрипала Сирисена денеска соопшти дека полицијата трага по 140 лица за кои се претпоставува дека се поврзани со нападите на Исламска држава врз цркви и хотели на католички Велигден, при што загинаа 253 луѓе.

Тој наведе дека одреден број млади лица на Шри Ланка поврзани се со ИД уште од 2013 година.

Претседателот Сирисена ја обвини Владата на премиерот Ранил Викремесинг за ослабнување на разузнавачкиот систем на Шри Ланка, поради тоа што на Обвинителството и воените офицери им наредил да се фокусираат на наводните воени злосторства извршени од Тамилските тигри за време на граѓанската војна.

ИД презеде одговорност за низата симултани напади врз хотели и цркви на Шри Ланка.

Би можело да ве интересира

Милион и половина евра од ЕУ за хуманитарни цели во Шри Ланка

Ана Ололовска

Побегнатиот поранешен претседател на Шри Ланка, Раџапакса се врати во татковината

Ана Ололовска

Владата на Шри Ланка бара ограничување на ингеренциите на претседателот

А1он

Протест против владината репресија на Шри Ланка

Парламентот на Шри Ланка изгласа продолжување на вонредната состојба

Динеш Гунавардена денеска положи заклетва како премиер на Шри Ланка

Ана Ололовска