Вардар на тест со ОФК Београд

Од:

Македонскиот фудбалски шампион Вардар денеска ќе го има премиерниот дуел годинава на „Националната арена Филип Втори“ во Скопје. Противник на „црвено-црните“ ќе биде српскиот тим ОФК Београд.

Оваа средба треба да биде најсериозниот тест за избраниците на тренерот Никола Илиевски-Џиџи пред стартот на пролетниот дел од сезоната.

Во подготвителниот период тимот одигра еден натпревар со Миравци (2:3) во Македонија и 4 средби во Анталија против ФК Минск (0:1), Бохемијанс Прага (1:1), Монтана (1:1) и Чеалаул (2:2).

И покрај тоа што Вардар на овие пријателски – контролни средби не забележа победа, сепак тренерот Илиевски смета дека тимот одигра добро и квалитетно и дека формата оди во нагорна линија.

Почетокот на натпреварот Вардар – ОФК Београд е закажан за 17 часот и 30 минути. Влезот ќе биде бесплатен.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска