Леклер: Понекогаш ќе следам тимски наредби

Од:

Дебитантот во редовите на Ферари, Шарл Леклер призна дека бил жртва на дел од наредбте што ги добил во првите три трки во Формула 1 оваа сезона.

Французинот објави пред Големата награда на Азербејџан дека отсега ќе ги следи наредбите одбоксот, само во одредени ситуации.

Во Кина, бевме сведоци на уште еден пример, во кој „скудерија“ го жртвуваше доброто претставување на 21-годишниот спортист. Во трката, Леклер мораше да го пропушти Себастијан Фетел, кој не заврши на повисоко од третото место, што го освои со оваа рокада.

Во Австралиското Гран при, на младиот пилот му беше наредено да вози зад Фетел, иако беше побрз. Тој призна дека не ги почитувал командите во Бахреин, каде што бил пред Фетел во петтиот круг, но механички проблем со неговиот мотор му ја одзеде можноста за победа.

– Секако, секогаш ќе има тимски наредби во Формула 1. Зависи од ситуацијата дали ќе ги прифатам. Во некои случаи ќе ги следам. Нервира кога сте во вашиот автомобил и ви кажуваат да пропуштите друг автомобил. Секој натпреварувач смета дека е фрустрирачки да добие таква инструкција. Јасно ми едека Матија Бинато (шеф на Ферари) мора да носи одлуки во боксот. На крајот, драмата е многу поголема кај нив, отколку кај мене зад воланот, рече Леклер пред првата тренинг сесија во Баку.

Би можело да ве интересира

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Во Формула 1 вакцините против Ковид станаа задолжителни

А1он

Еклстоун: Нема луѓе како Раиконен во Ф1, сите станаа како роботи

Ана Ололовска

Доменикали: Се надевам на продолжување на битката Верстапен – Хамилтон, но сметам и на други тркачи

Ана Ололовска

Биното: Кој ќе биде прв возач на Ферари ќе биде одлучено на патеката

Ана Ололовска

Нико Розберг бара промени во Формула 1

А1он