Во Саудиска Арабија денеска се уапсени 13 лица поради врски со планирање напади во кралството.
Тие се уапсени еден ден откако безбедносните сили соопштија дека спречиле напад, северно од Ријад. Според полициското соопштение, биле убиени четворица вооружени напаѓачи кои се обидувале да изведат напад на зградата на безбедносните служби во Зулфи. За тој напад, одговроноста ја презеде т.н. Исламска држава.