МОСТ: Пендаровски освоил 44,47% наспроти Силјановска Давкова со 44,32%

Од:

Стево Пендаровски освоил 44,47 проценти наспроти Гордана Силјановска Давкова која има осоено 44,32 отсто од гласачите кои денеска гласаа на шестите претседателски избори, за Блерим Река гласале 10,98 проценти, покажуваат резултатите на Граѓанската асоцијација МОСТ. Од асоцијацијата нагласуваат дека максимална маргина на грешка е од +/- 0,5 проценти.

МОСТ го следеше денешното гласање со повеќе од 1.500 набљудувачи. На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, биле распоредени исто толку набљудувачи, со што биле покриени 33 проценти од вкупниот број на гласачки места во Република Северна Македонија.

Според Граѓанската асоцијација, податоците добиени од ПВТ програмата, покажала 41,67 проценти одѕив на гласачите, со маргина на грешка од +/- 0,5%. Процентот на неважечки ливчиња е 4,33 отсто.

Од МОСТ напоменуваат дека поради фактот што резултатите за првите два кандидати се во маргината на грешка, можно е во официјалните резултати да има промена во редоследот на првите два кандидати според освоените гласови.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Најдолгиот мост на светот е во Луизијана – 39 километри

А1он

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини