Денешните претседателски избори со најмал одѕив досега

Од:

Според податоците од досегашните изборни процеси, неизбежен е впечатокот дека опаѓа излезноста на македонските граѓани на првиот круг од претседателските избори. „А1он“ ги разгледуваше податоците од изборните процеси во 2004, 2009, 2014 и во 2019 година.

Во 2004 година, кога претседателски кандидати беа Зиди Џелили, Бранко Црвенковски, Гзим Острени и Сашко Кедев, излезноста во првиот круг од изборите била 53,64 отсто.

Во 2009 година излезноста е најголема – одѕивот бил 56,88 отсто на првиот круг од изборите кога за претседателска функција се бореа Имер Селмани, Мируше Хоџа, Нано Ружин, Ѓорге Иванов, Љубе Бошкоски, Агрон Буџаку и Љубомир Данаилов Фрчкоски.

Во 2014 година излезноста паѓа на 48,86 отсто. Тогаш претседателски кандидати беа Ѓорге Иванов, Иљаз Халими, Стево Пендаровски и Зоран Поповски.

Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК) на денешниот прв круг од претседателските избори до 18.30 часот излезноста на гласачите е околу 40 отсто, што е за 8 проценти помалку од последните претседателски избори.

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он

АфД e пред историска победа

Горан Наумовски

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври