Министерот за одбрана на Шри Ланка, Руван Виџевардене изјави дека денешната серија експлозии врз хотели и цркви се терористички напад.
Министерот на прес-конференција истакна дека без разлика кој ги извршил нападите, властите нема да дозволат ниту една екстремистичка група да дејствува во земјата.
На Шри Ланка денеска одекнаа осум експлозии во хотели и цркви. Последната е извршена од бомбаш самоубиец, кој го активирал експлозивот во зграда во предградие на главниот град Коломбо, при што загинале тројца полицајци.
Билансот на загинатите и повредените постојано се менува. Според последните податоци, досега има околу 190 жртви, а над 550 лица се повредени.