МОСТ: Во Здуње член на избирачкиот одбор ги откинал првите три гласачи ливчиња

Од:

Одѕивот на гласачите до 10 часот, според информациите на набљудувачите на МОСТ, изнесува 6,6 проценти, а неправилности се забележани во Студеничани и селото Здуње, Гостиварско.

– Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачкото место 2344 во општина Студеничани не се отвори до 10 часот и поради тоа на ова ГМ денеска нема да се спроведува гласање и на ГМ 0531, во село Здуње, Општина Гостивар, член на избирачкиот одбор ги откинал првите три гласачки ливчиња заедно со серискиот број и истите биле искористени за гласање. Известена била Општинската изборна комисија, направен бил записник и гласањето продолжило, беше соопштено на прес-конференција.

Од МОСТ ги демантираа информациите што се појавија во медиумите дека на првата прес-конференција одржана во 9:00 часот било известено за прекин на гласање поради неработење на УВ ламба и за графит со политичка содржина. На првата прес-конференција МОСТ извести само за гласачкото место 2344 во Општина Студеничани.

Би можело да ве интересира

Излезни анкети: „Романскиот Трамп“ убедливо води на претседателските избори

Горан Наумовски

Чалмерс: Новата австралиска влада ќе се соочи со сенката на трговската војна меѓу САД и Кина

Избори во Романија: Излезноста надмина 50 отсто, гласаа повеќе од девет милиони гласачи

Австралиските лабуристи по победата: Нашиот фокус ќе биде трговската војна меѓу САД и Кина

Романија ги повторува претседателските избори по руското мешање

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите