Интересен спој на вкусови…
Потребно е:
околу 2 кг крап
4 лажици масло
40 г исечкани бадеми
60 г суви сливи
20 г изрендани ореви
шеќер
сок од 1 лимон
сол, црн пипер
Подготовка:
– Рибата исчистете ја и измијте ја убаво. Насолете ја од внатре и надвор и пропржете ја од двете страни на малку масло. Додадете малку минерална вода и зачини по вкус и динстајте ја околу 12 минути.
– Потоа додадете уште малку масло, сок од лимон, шеќер и уште малку динстајте.
– Извадете го крапот од течноста и исцедете го.
– Во сосот во тавата додадете ги мелените ореви, сечканите бадеми и суви сливи.
– Сосот ставете го на дното на една огноотпорна тава, а над сосот ставете ја рибата.
– Ставете ја тавата во рерна на 200 Целзиусови степени 10-15 минути за да се запече малку рибата.