НСДП: Гласот за Пендаровски ќе демонстрира политичка созреаност

Од:

„Република Северна Македонија веќе силно чекори на патот на напредокот, стабилоноста и економскиот просперитет. Со затворените прашања и подадените раце на пријателство со соседните земји се наоѓаме пред полноправно членство во НАТО и отворање на преговор за влез во ЕУ. Одлучноста за реализација на овие стратегиски приоритети пред граѓаните отвори перспективи исполнети со демократија, владеење на правото, економски напредок и социјална благосостојба.

Во овие моменти многу е важно напрадокот да продолжи, да не се дозволи државата повторно да падне во сенка на политичките кризи, поделбите, омразата, да се вратиме чекор наназад и рецидивите на претходниот режим да ја препознаат својата шанса повторно да влезат на политичката сцена. Како држава која политички созрева во духот на демократија не смее да дозволиме со овие претседателски избори да се загори иднината која е отворена пред нас. Република Северна Македонија на овие избори треба да добие претседател кој ќе обединува, кој ќе ги штити интересите на граѓаните, кој ќе биде нивен партер и искрен поддржувач на евро-атланските интеграции, посветен борец за европските вредности и стандарди.

НСДП ги повикува сите граѓаните, независно од нивната политичка, етничка, верска, јазична или културна припадност, на 21 април, во недела, да излезат на гласање и да го поддржат Стево Пендаровски, зато што сме уверени дека на тој начин ќе се избере претседател кој обединува и води напред.

Како политичка партија која е посветена на евро-атланските интеграции, демократијата, владеењето на правото, економскиот просперитет и социјалната благосостојба, цврсто стоиме на ставот дека со гласот за Стево Пендаровски ќе се демонстрира политичка созреаност и одговорност за идината на Република Северна Македонија, за перспективите на идните генерации.

Со претседател кој ќе биде за сите граѓани заедно да продолжиме да чекориме кон брз напредок и сигурна иднина“, се вели во соопштението на НСДП.

Би можело да ве интересира

Сиљановска од Струмица: Оттука ќе тргне политичкиот вулкан и ќе стави крај на феудалните енклави на замислените европјани

А1он

Апасиев: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

А1он

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески

Меџити не кажува дали Уставните измени остануваат услов за формирање на влада: Сега сме фокусирани на победата

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера