Гоце Величковски исклучен од СДСМ

Од:

Поранешниот градоначалник на Росоман, Гоце Величковски е исклучен од редовите на СДСМ.

Ваква одлука донел извршниот одбор на огранокот на СДСМ во Росоман поради тоа што Величковски со кандидирањето за градоначалник и покрај одлуката на партијата за бојкот, го повредил статутот на партијата, јави Утрински весник.

– Гоце Величковски беше градоначалник на Росоман од редовите на СДСМ во два мандати, а во 2009 година се бореше за трет мандат но ги загуби изборите. Сега е кандидат за градоначалник од партијата Народно движење за Македонија. Ова е негова лична одлука и ОО на СДСМ Росоман не ја поддржува – велат од општинската организација на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија