Богат вкус. Може да послужи и како главно јадење.
Состојки:
15 гр леќа
100 гр морков
100 гр целер
1 кромид
1 портокал
Сол
Црн пипер
Масло
Оцет
Магдонос
Подготовка:
Ситно исецкајте ги морковите и целерот и сварете ги заедно со леќата.
Кoга ќе бидат сварени, исцедете ја водата и ставете ги во длабок сад. Исецкајте го кромидот и додадете го во мешавината.
Зачинете со црн пипер, оцет, масло, сол, сок од цеден портокал и сецкан магдонос.
Сервирање:
Додадете парче месо и ќе добиете вкусна вечера.