Организаторите на годинешниот 72. Меѓународен филмски фестивал во Кан денеска ќе ги соопштат филмовите кои ќе се натпреваруваат за „Златна палма“. Овојпат, претседател на жирито ќе биде мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалес Ињариту.
Фестивалот годинава ќе ѝ оддаде почит на неодамна почината режисерка Агнес Варди, со нејзиниот лик на главниот плакат за настанот.
Свеченоста ќе ја отвори филмот „The Dead Don’t Die” (Мртвите не умираат) на американскиот независен режисер Џим Џармуш, кој 1984 година ја доби „Златната палма“ за остварувањето „Почудно од рајот”.
На фестивалот ќе биде прикажан и биографскиот филм за Елтон Џон – „Rocketman”.
Наградата лани ја доби филмот „Крадци” (Manbiki kazoku) на јапонскиот режисер Хироказу Кореда.