СДСМ: Сиљановска покажува незнаење за клучни теми што се од надлежност на претседателот на државата

Од:

„Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска покажува незнаење за клучни теми што се од надлежност на претседателот на државата.

Сиљановска не знае колку војници има на располагање армијата, а сака да стане врховен командат на вооружените сили.

Освен општи непознавања, Сиљановска демонстрира и дискриминација на новинари и медиуми. Сиљановска исто како и Никола Груевски бега од соочување со јавноста и дискриминира новинари и медиуми.

Гордана Сиљановска не ги почитува граѓаните, не ја почитува јавноста, ги дискриминира медиумите и новинарите.

Недозволиво е за кандидат да не знае клучни прашања поврзани со безбедноста, неодоворно е да бега од соочување со јавноста.

Граѓаните нема да дозволат некој кој бега од новинари, кој не знае колку војници има армијата да биде претседател на државата.

Затоа во недела и потоа на 5 мај, граѓаните ќе дадат поддршка на вистински претседател, на вистински врховен командант кој достоинствено ќе ја претставува државата и нејзините интереси.

Граѓаните ќе застанат за концептот на Стево Пендаровски кој води напред во развој, напредок и интеграција во ЕУ и НАТО“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација