Шефот на Мерцедес, Тото Волф, призна дека е изненаден од неспособноста на Ферари да бидат конкурентни во Гран-при на Кина минатиот викенд.
„Сребрените стрели“ ја постигнаа својата трета последователна двојна победа за сезоната, што не беше мало, но веројатно пријатно изненадување за Хамилтон и Ботас.
– Очекував нивната предност на правците да создаде проблеми, особено со отворено задно крило. Меѓутоа, се покажа дека тие се далеку.
Нашиот излез од 13-тиот свиок беше многу добар и тука успеавме да направиме одредена разлика, која така и не успеаја да ја намалат.
Се разбира, ние сме изненадени, но очигледно им недостасува рамнотежа меѓу правците и свиоците. Наоѓањето на таков баланс е природно тешко, но можеби победивме поради тоа, бидејќи нашиот автомобил беше подобро избалансиран, изјави шефот на Мерцедес