Зголемено ниво на реките во однос на просекот за април се бележи денеска на Црни Дрим кај Ложани, на Вардар кај Јегуновце, Велес и Демир Капија, на Крива Река кај Крива Паланка, на Брегалница кај Штип, како и на Црна Река кај Новаци.
Податоците на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека водостоите на Охридското, Препанското и Дојранското Езеро, според денешните мерења, се во рамки на просекот.