„Волшебно велигденско дрво“ во Рамстор Мол за децата со церебрална парализа

Од:

По повод големиот празник Велигден, Рамстор Мол четврта година по ред ја организира хуманитарната акција за децата со церебрална парализа „Волшебно велигденско дрво”.

Настанот има за цел да ги натера луѓето да бидат хумани, да помогнат онаму каде помошта е повеќе од неопходна, да ги мотивира компаниите да бидат општествено одговорни и да исполнат една велигденска желба на децата кои го посетуваат Дневниот центар за лица со церебрална парализа.

-Како и секоја година така и оваа направивме волшебно дрво на кое децата од деневниот центар ги закачија своите желби. Ги повикуваме граѓаните и компаниите да бидат општествено одговорни и да се вклучат во оваа акција, заедно да ги исполниме желбите на овие дечиња и младинци и сите заедно да ја поддигнеме свеста за надминување на предрасудите и стереотипите за лицата со пречки во развојот, велат организаторите на акцијата.

Хуманитарната акција започна на 12 април и ќе трае до 24-ти април и секој кој сака да се вклучи во акцијата може да го посети Рамстор Мол и да одбере која желба ќе сака да ја исполни на едно од 36 деца кои се редовни посетители на Дневниот центар за лица со церебрална парализа. Желбите се веќе поставени на волшебното велигденско дрво, а подарокот може да се достави на инфо пултот во трговскиот центар.

Хуманитарната акција е организирана во соработка со ЈУ Центар за социјална работа, Црвен Крст на град Скопје и Комерцијална банка.

Би можело да ве интересира

Хуманитарниот велеслалом Маврово 2024 годинава за поддршка на лекувањето на младиот Леонид Индов

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Ацт Македонија со повик за приклучување во хуманитарната акција

Одржан вториот Ласер ран, донирани средства за лекување на малиот Леонид

Семејството на Кико донираше половина милион денари за респиратор малиот Стефан

Катерина Ѓуровски

Во сабота во спортската сала „Кале“ забава и кошарка во хуманитарни цели

Горан Наумовски