Едноставна салата, лесна за подготвување, а може и да си играте со состојките.
Состојки:
500 гр. шпагети
1 праз
1 мала чаша семки од сончоглед
Масло
85-125 мл соја сос
Кари во прав (по желба)
Подготовка:
Сварете ги шпагетите во солена вода, потоа исцедете ги и ставете ги во длабок сад.
Семките од сончоглед пропржете ги додека малку да потемнат а потоа додате ги во шпагетите.
Празот исечете го на тенки парчиња, измијте го и оставете да се цеди.
Во веќе загреано масло во тава пропржете го празот и додајте го во садот со шпагетите и семките од сончоглед.
Соја сосот се меша со малку кари по што се реливаат шпагетите. Добро се меша и се остава да се лади.