(ВИДЕО) Костадинов: Сиљановска лажно зборува за правда, се слика со лица осудени за изборни нерегуларности

Од:

„Денеска уште еднаш потврдуваме дека Сиљановска е неискрена и нечесна пред граѓаните.

Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска, напразно зборува за правда кога поддржана од партија чиј почесен претседател е осуден криминалец во бегство.

Сиљановска напразно зборува за правда и фер избори, кога гордо се фотографира со лица осудени токму за кривични дела поврзани со изборите“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„На јавно објавени фотографии, Сиљановска е во друштво Славица Ангелова од Кочани, осудена за поткуп при избори и гласање за локалните избори 2017 година.

Ова е пресуда од Основниот суд во Кочани со која јасно се гледа дека Ангелова има правосилна пресуда и е осудена за сторено кривично дело „Поткуп при избори и гласање“.

За каква правда зборува Сиљановска кога оди низ државата, се слика и бара поддршка од лица осудени за поткуп при изборите?

Сиљановска е нечесна, неискрена и лицемерн. Таа не верува ниту во сопствениот изборен слоган. Сиљановска сака само да биде новиот Ѓорге Иванов, нов послушник и извршител на нарачките од белиот дворец и секако на нарачките од лидерот и менторот од Будимпешта.

Граѓаните нема да дозволат државата да ја водат партиски послушници и лицемери како Сиљановска.

Во недела граѓаните масовно ќе го подджат концептот на правна држава предводен од Стево Пендаровски, идниот претседател на Република Северна Македонија“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД