Поради војната во Либија 800.000 луѓе би можеле да тргнат кон Европа

Од:

Војната во Либија би можела да принуди повеќе од 800.000 мигранти да тргнат кон европските брегови, предупреди шефот на меѓународно признатата либиска Влада, Фајез ел Сараџ.

– Нема да бидат само 800.000 мигранти подготвени да тргнат, туку и Либијци ќе бегаат од војната, бидејќи во јужниот дел на Либија повторно се активирале борците на џихадистичката група Исламска држава, истакна Сараџ во интервју за италијански медиуми.

Либија е и одредиште и транзитна земја за африканските мигранти кон европските брегови.

– Соочени сме со агресивна војна, која би можела да го прошири своето зло низ Медитеранот. Италија и Европа мора да бидат обединети и строги во спречувањето на војната на Калифа Хафтар, човекој кој ја предаде Либија и меѓународната заедница, додава Сараџ, нагласувајќи дека „уништувањето ќе ги зафати и соседните земји“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски