Царовска на средба со младите иновативци од „АндроМета“: Остануваме посветени да обезбедиме подобар живот за секое дете

Од:

Александра Поповска, Матеј Плавевски, Дарио Стојанов, Данче Петрушевска и Амра Личина, чиј тим „АндроМета“ е еден од петте којшто се избрани на светско ниво за развој на апликацијата SpeakOut за поддршка од врсничко насилство, денеска се сретнаа со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Министерката ги покани иновативното решение да го презентираат и пред Националното координативно тело за заштита на деца од злоупотреба и занемарување со што ќе се разгледа можноста истото да се вметне како дел од сеопфатната стратегија против насилство врз деца и оперативен план коишто се во фаза на подготовка.

„Горди сме што имаме непроценлив потенцијал кај младите луѓе во Република Северна Македонија. Вашата иновативност, посветеност и енергија за создавање подобри услови за живот и развој на вештини кои решаваат сериозни проблеми во општеството и на новите генерации, ни дава поттик како министерство и Влада да останеме посветени на заложбата за обезбедување еднакви услови и подобар живот за секое дете“, рече министерката Царовска.

Александра Поповска (18 години), којашто е лидерка на тимот вели дека возрасните не веруваат секогаш во нивните способности, но таа лично верува дека младите можат да направат промена.

„SpeakOut е мобилна апликација која ги мотивира младите анонимно да побараат помош и да дадат поддршка на своите врсници. Ним им се нудат две опции за добивање помош. Јавно да објават и да добијат помош од другите членови во заедницата или да разговараат со волонтер, приватно, еден-на-еден“, вели Поповска.

Македонскиот тим е еден од петте тимови којшто е избрaн на светско ниво за развој на мобилна апликација SpeakOut. Целта на апликацијата која што се развива како дел од предизвикот Generation Unlimited треба да служи како поддршка на жртви од врсничко насилство, а македонскиот тим беше избран од УНИЦЕФ и партнерите меѓу оние коишто ќе добијат стручно менторство и по 20.000 американски долари за проширување на апликацијата.

Во младинскиот предизвик Generation Unlimited се вклучија повеќе од 800 иноватори од 16 земји за да побараат одговор на неодложното прашање: како да се постигне секој млад човек да добие образование, вештини и оспособеност за изградба на подобра иднина?

Целта на овој предизвик во кој се вклучени првите луѓе на Обединети Нации и Европска Унија е сите млади на возраст од 10 до 24 години да добијат образование, обука и работа до 2030 година.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска