ЕУ усвои измени на Директивата за природен гас

Од:

Советот на ЕУ усвои измени на Директивата за природен гас на Унијата, кои се однесуваат на експлоатацијата на подводни гасоводи, вклучително и на „Северен поток 2“.

Одобрувањето на измените од страна на Советот е последната фаза од усвојувањето на новата Доктрина за гас на ЕУ. Претходно, на почетокот на април, измените ги одобри и Европскиот парламент со 465 гласа „за“ и 95 „против“.

Измените ќе стапат во сила 20 дена по нивното објавување во Службениот весник на ЕУ, по што земјите членки на Унијата ќе имаат рок од девет месеци да ги инкорпорираат во своите национални законодавства.

Со измените, за подводните гасоводи од трети земји до ЕУ од сега ќе важат истите правила како и за копнените гасоводи, односно производителот на гас не мора да е сопственик на цевководот низ кој се дистрибуира енергенсот и мора да биде обезбеден пристап на трети страни до него, недискриминаториски тарифи и транспарентност.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот