Крадците на дијаманти на белгискиот аеродром биле маскирани како полицајци

Од:

Осуммината крадци чија цел била пратка со дијаманти и злато на белгискиот аеродром успеале да го минат обезбедувањето маскирани како полицајци, соопшти денеска белгиското обвинителство.

– Тие возеле две црни возила со полициски обележја и сини ротациски полициски светла, изјави Ине Ван Вимерш портпаролка на Обвинителството.

– Акцијата им била добро подготвена, тоа биле професионалци, додаде таа нагласувајќи дека засега немаат информации за идентитетот на крадците.

– Инцидентот траел не повеќе од пет минути, тврди Ван Вимерш.

Според белгиските медиуми во пратката имало злато и десет килограми дијаманти, а според некои проценки вредноста е изнесува 350 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски